Годинава, хуманитарниот проект отворени забавни фудбалски школи, бележи завидна бројка од 1 милион учесници кои поминаа во нивните активности. Вчера во Струга за прв пат се формира интернационален совет со претставници од 20 земји од целиот свет, кои ќе одлучуваат во која насока ќе се движи овој најброен проект следниве 5-6 години.
Вкупно 230 учесници од 23 земји во светот деновиве престојуваат во Струга на меѓународната конференција на отворените забавни фудбалски школи. Ова е историски настан бидејќи за прв пат ќе се формира Интернационален совет од сите земји учеснички нагласува Цено Алекснадровски, проект координаторот на отворената забавна фудбалска школа.
„Богатството е онолку колку што имате луѓе околу себе и толку луѓе колку што познавате во светот. Затоа јас сакам да кажам дека нашата организација CCPE Open Fun Football Schools е една од најбогатите бидејќи со оваа мрежа штоја имаме низ целиот свет јас во сите земји каде што сум бил да ја пренесам оваа порака на забаава, дружење социјализација среќни деца за мене е највредното и затоа мислам дека најбогати се оние организации кои што се богати во луѓе“ – вели Александровски.
Активностите во Македонија ги организираме уште од 2000 година, вели генералниот менаџер на отворените забавни фудбалски школи Андерс Левенстон. Тој додаде дека сега кога за прв пат на Охридскот крајбрежје се собрале 230 учесници од земјите членки на проектот , се родила идејата да се формира интернационален совет кој ќе изготви план во која насока ќе се движи проектот до 2020 година.
„Секоја земја има нешто посебно нешто кое што го развива во тие земји, ние сме исто но сме многу различни затоа што доаѓаме од различни региони. Во Оман на пример организираме фудбалски школи заедно со ФК Барселона. Ги правиме овие наши школои како што ги правиме во Македонија но со вредностите на ФК Барцелона. Во Ирак правиме три различни програми кои што се покриени од националните телевизии и секој овде ги презентираше“ – потенцираше Левенстон.
Отворените забавни фудбалски школи е хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на асоцијацијата за проекти од културата од Копенхаген во соработка со Фудбалскиот Сојуз на Норвешка. Неговата основна идеја е подобрувањето на вештините преку задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот. Учесници во проектот се фудбалски клубови, нивните тренери, лидери и децата, кои преку игра промовираат толерантност, мирен соживот, социјална кохезија и соработка помеѓу различните етнички групации.
{loadpsoition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град