Движењето за реформи ДПА, чека регистрација

Цели два месеци новата политичка партија  Движењето за реформи ДПА, чека регистрација. Патот за легализација на новата политичка опција минува низ трнлив пат по судските установи и не е лесен, вели Зијадин Села, еден од основачите на партијата. Но и покрај тоа Села очекува позитивно решение, за да почнат да функционираат.

 |  Николоска Биљана  | 

Новата политичка опција, „Движењето за реформи ДПА“, очекува регистрација на партијата. Во  спротивно, ќе функционира во илегала, изјави еден од основачите на оваа партија Зијадин Села. Тој нагласи дека веќе два месеци се соочуваат со низа судски забелешки, според него несфатливи.

„Законот бара 1000 потписи за регистрирање на нова политичка партија, ние дадовме таму 2000. судот во тетово, судијката ни вели, нам не ни треба 2000 ние сакаме само 1000. Едвај успеавме 1060 да им дадеме бидејќи ако се 1000 ќе најдат пак некоја грешка и ќе ни речат не можи, зато ни ги примија, со образложение дека немале време да ги погледаат сите потписи“

Села категоричен дека нивна работа е да ги проверат потписите, бидејќи заради тоа биле платени со пари од нашите даноци.  Села кажува дека обезбедиле 1060 потписи, бидејќи очекувале дека ќе следи ново барање на судијката од Тетовскиот суд.

„Побараа фотокопии од личните карти на сите тие што потпишаа на нотар. Значи една судијка во Тетово не верува на заверката која се прави кај нотарот, бидејќи заверка се прави со лична карта и се остава копија, од сите нотари од државава секаде онаму каде што сме собирале потписи, Струга, Тетово, Гостивар,  Скопје. И тој дел го завршивме. Со законот не се бара државјанство, се бара само на основачите, сега во Движењето на реформите имаме 1060 основачи, бидејќи после тоа за сите имиња ни побараа државјанство ние и тоа им го пративме“

Следна забелешка на тетовскиот суд било тоа што Движењето за реформи ДПА било слично со веќе постоечката партија ДПА, а во државава имаме 10 партии на ВМРО, вели Села. Тој деновиве и покрај се очекува позитивно решение, а во спротивно најави дека илегално ќе делуваат, бидејќи ако не го  регистрираат Движењето за реформи ДПА, не му преостанува ништо друго.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top