Двајца стружани вмешани во меѓународен нарко канал

Вчера, (07.04.) Министерството за внатрешни работи реализираше уште еден случај на недозволена трговија со дрога при што е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога од Р.Албанија до Р.Македонија, а притоа запленети се 135,5 килограми марихуана и пет килограми хашиш и од слобода се лишени три лица, македонски државјани.

 |  Голабовски Крсте  | 
droga
дрога

Вчера, (07.04.) Министерството за внатрешни работи реализираше уште еден случај на недозволена трговија со дрога при што е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога од Р.Албанија до Р.Македонија, а притоа запленети се 135,5 килограми марихуана и пет килограми хашиш и од слобода се лишени три лица, македонски државјани.

Имено вчера во 03,15 часот по претходно поставена заседа од страна на полициски службеници во близина на ГК бр.54/2 во зелениот појас на граничната линија со Р.Грција, во близина на ГП Богородица лишени од слобода се лицата Ѓ.П. (47) и Г.Г. (49), двајцата од село Стојаково, Гевгелија, а кај лицата пронајдени се пет патни торби во кои имало 136 пакувања со марихуана и две пакувања со хашиш). При лишувањето од слобода на лицето Г.Г. во бегство се дале уште 5 други лица кои се наоѓале во негова близина и истите сеуште се недостапни за органите на прогонот.

граничен преминПо пребарување на поширокиот реон на местото на настанот од страна на полициската патрола пронајдено е едно патничко моторно возило со бугарски ЦОЛ (привремени) регистарски таблички кое било користено за транспорт на дрогата од лицата кои се лишени од слобода и за истото по извршени проверки е утврдено дека цол таблиците се од друго возило, додека пронајденото возило е во сосптвеност на лицето Ф.Д. (40) од село Калишта Струга кој во текот на денот е лишен од слобода.

Заради целосно расчистување на случајот на подрачје на Струга извршени се два претреси и тоа кај лицето Ф.Д. во с.Калишта при што не се пронајдени предемти од интерес на службата, и кај лицето Ф.К. (67) во село Франгово каде се пронајдени се една ловна пушка, еден реденик со 15 патрони, една воздушна пушка и еден пиштол со кал.7,62 мм, три куршуми и три празни рамки.

Пронајдената растителна материја е предадена во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР на РМ, при што е утврдено дека се работи за 135 килограми и 524 грама марихуана и пет килограми и 05 грама хашиш.

Запленетата наркотична дрога потекнува од Р. Албанија и истата преку Р. Македонија требало да биде пренесена во Р. Грција од каде би се транспортирала во земјите од западна Европа каде би достигнала вредност од околу 500.000 евра.

Од страна на СНТД до ОЈО за организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” казниво по член 215 став 3 од КЗ на РМ против лицата Г.Г., Ѓ.П. и двајцата од с. Стојаково, Гевгелија и лицето Ф.Д.од Струга, за што од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top