Два тони нафта исчезна преку ноќ. Во понеделникот 23 јануари годинава во О.У. „Св. Климент Охридски“, Драслајца, за потребите за греење на учениците пристигнале 4 тони нафта. Оваа количина за нецели 24 часа била преполовена од засега непознати сторители. И не само тоа, од училиштето фали апарат за заварување, бормашина, гарнитура клучеви и др, за ТВМ во телефонски разговор кажа директорката, Жана Димоска. Таа рече дека настанот се случил ноќта помеѓу вторник и среда, за што е известена и полицијата. До сега од таму немале никаква повратна информација кој би можел да стои позади оваа тешка кражба која го оштети училиштето во износ од околу 154 000.00 денари. Според сознанијата на директорката, сторителот 4 часа оперирал во училиштето. Димоска потенцира дека од нивна страна во неколку наврати биле побарани средства од општинскиот буџет за некаков вид обезбедување на училиштето, чувар или мониторинг систем, но досега не им биле одобрени. Директорката крајно е револтирана од овој настан и вели дека после ова на површина ќе излезат и други работи, а за кои не сакаше да открие детали. Учениците до среда или четврток ќе одат на училиште после тоа остануваат без греење. Настанот во врска О.У. „Св. Климент Охридски“, од струшкото село Драслајца осамна и во денешниот дневен билтен на веб страната на Министерството за внатрешни работи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град