Дали ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе останат заедно

Напнатата атмосфера меѓу овие два политички блока се почуствува уште на стартот на оваа година, со недавањето поддршка на буџетот на општина Струга за 2012 год, од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

 |  Николоска Биљана  | 
vmro-dpmne
вмро-дпмне

Коалицијата на ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ на стаклени нозе. После низата превирања кои се случија на самиот почеток од годинава, поради недавањето поддршка на буџетот на општина Струга за 2012 година од страна на советничката група на ВМРО –ДПМНЕ, во струшкиот совет се повеќе се чуствува напната атмосфера. Секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски во врска оваа прашање со став.

gulic„Јас не сум политички избрана личност така да не би можел да зборувам во делот на политиките. Но колку што знам јас на седницата на советот имаат одредени партии кои што ги поддржуваат одредени акти некои партии не ги подржуваат, значи независно дали се во власта или се во опозицијата. Има одредени политички партии пак ќе повторам кога некои одлуки немаат посериозни некои импликации врз вкупните состојби врз општината и по граѓаните и според нивното толкување и убедување тие гласаат а во некои одлуки не гласат“

Гулицоски одговори и на бројните забелешки на советниците во врска симултаниот превод за време на одржување на седниците. Тоа се однесува на преведувањето од албански на македонски и обратно што во многу потфрла од стандардите за разбирлива комуникација.

„Евидентно е со преведувањето не само во нашата општина, туку дури има проблеми и во собранието при преведувањето и тоа беше јавно кажано, така да и ние имаме проблем во тој дел со преведувањето. Некогаш преведувањето е добро обработено некогаш не е добро, тоа зависи и од коментарот на самиот советник што го зборува и од самиот преведувач значи не секогаш преводинте ни се така професионални дури некогаш се и многу лоши, но настојуваме да се тоа подобри на начин се прават одредени обуки во делот на преведувањето од страна на преведувачот“.

Секретарот најави дека ќе има избор на нов симултан преведувач и треба да се избере подобар од досегашниот. Инаку, Гулицоски попатно ја најави и престојната 38 седница на струшкиот совет и точките кои се на дневен ред. Тука ги спомна програмата за уредување на градежното земјиште, кварталниот извештај за извршување на буџетот на општината, програмата за туризмот и туристичката пропаганда и подобрување на условите за престој на гостите за 2012 година, има и урбанистички планови односно иницијативи за изработка на ЛУПД, одлука за патување на членовите на советот на возвратна посета во Турција, има одлука за утврдување на паркинг простор на подрачјето на општина Струга и за утврдување на цената за вода за пиење во Делогожда.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top