Државно првенство во ловење риба со пливка на Црн Дрим

Кадетите и јуниори риболовци се натпреваруваа во ловење риба со пливка на Државното првенство кое викендов се одржа на реката Црн Дрим во Струга.

 |  Мишел Наумоски  | 
prvenstvo ribolov

Викендов на кејот на реката Црн Дрим во Струга се одржа Државното првенство за кадети и јуниори во организација на Македонската Риболовна Федерација.

kadeti junior ribolov so plivkaНа натпреварот во ловење риба со пливка, учествуваа 4 екипи на кадети, кои се натпреваруваа екипно и поединечно, 9 јуниори кои се натпреваруваа поединечно и една кадетска екипа на девојчиња, кои имаа настап од ревијален карактер. Во кадетска конкуренција, поединечно, првото место го освои Илија Рупев од Св.Стефан од Охрид, второ место го освои Еми Трендафилова од екипата на Професионал од Велес, а третото место припадна на Стефан Богески од Мамец од Прилеп. Во јуниорска конкуренција, поединечно, првото место го освои Петар Дучков од Кркушка од Велес, второто место го освои Рамиз Малику од Црна Река 1929 од Битола, а третото место го освои Дарко Андов од Кркушка од Велес. Во кадетска конкуренција, екипно првото место го освои екипата на Професионал од Велес, второто место припадна на Мамец од Прилеп, а трето место освои екипата на Св.Стефан од Охрид.


 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top