За прв пат во Охрид, организиран државен натпревар на угостителско – туристичките училишта. Идејата и организацијата на овој настан е наша, вели директорот на овој училишен центар Секула Баткоски. Претставници од седум градови од Република Македонија зедоа учество. Покрај од нашиот град, своите кулинарски вештини ги претставија и учениците од Скопје, Тетово, Крушево, Гевгелија, Штип и Македонски Брод. Се натпреваруваа готвачи, келнери, бармени и фламбери. Интересно е тоа што натпреварувачите имаа подготвено и своја презентација за градот од кој доаѓаат.
Директорот Баткоски е презадоволен од одзивот и на учесниците и на поддршката што ја добија. Локалната самоуправа и градоначалникот Петрески од почеток го поддржаа овој настан, вели Баткоски. Исто така, голема поддршка добивме и од факултетот за туризам и организациони науки кои ни излегоа во пресрет во делот за оценување на учесниците, додава директорот. Со организирањето на вакви натпревари и ние допринесуваме за промоција на туризмот.
Голема пофалба за идејата од страна на сите учесници на денешниот натпревар. Сите се едногласни дека вакви настани треба да има почесто. На ваков начин се промовира традицијата и се споделуваат знаењата.
Најважно е да се учествува и да се разменуваат искуствата и знаењата. Наградите за најдобрите ќе се симболични, но се надеваме дека вакви настани ќе има уште многу во иднина вели Баткоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град