На Вевчанскиот градоначалник, Перо Илиески, му тргна од рака. Деновиве тој остварил средба со Министерството за Транспорт и врски која на Вевчани му донесе инвестиција од 100 000 евра. Овие средства министерството ги дава за доизградба на недовршените краци од вевченската канализација. Но не е само тоа, Илиески се пофали со инвестирање и во вевчанското комунално претпријатие.
Илиески истакна дека му оди соработката скоро со сите министерства од Централната власт. На нашето прашање дали неприсуството на Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на вевчанскиот карневал значи игнорирање од страна на ова министерство, Илиески со став.
„Со Министерството за култура, битна ни е соработката во делот на апликацијата за карневалот, од каде добивме еден милион денари, средства кои ние ги вложивме во карневалот а сега ќе ги вратиме. Со министерството и со Завод и Музеј од Охрид преговараме и за нови проекти“.
Општина Вевчани сериозно размислува за заштита на петте значајни стари градби на вевчанските познати фамилии Пешиновци, Дуцкиновци, Даскаловци, Костојчиновци и Коруновци, кои градби се постари од стотина години. Во градбата на тие куќи има влијание од различни стилови и тоа романскиот, грчкиот, македонскиот и византискиот. Овие градби се карактеристични и по тоа што го отсликуваат животот на вевчанци за време на отоманската империја.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град