Охридско струшкиот регион тешко се опоравува од транзицијата на Бранко Црвенкоски.
15 ти септември симболичен датум за ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Овој ден од денес во ОК на оваа политичка опција, ќе има посебен третман, како ден кога е изнесена најголемата лага во Република Македонија кажана од лидерот на СДСМ Бранко Црвенкоски, во обидот да ги спаси своите сограѓани од економска пропаст.
Михаилов пред затворените порти на некогашните охридски фабрики „Отекс“ и „Братство“, рече дека сеуште се борат да ги амортизираат и отстранат штетите од некогашното владеење на СДСМ на чело со Бранко Црвенкоски. Но како дополнителен проблем и зло за Охрид Михаилов го спомна владеењето на градоначалникот Петрески на локално ниво.
Со сличен вокабулар денес пред стружани се обрати и Надица Николовска претседателката на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ. И таа плукна по СДСМ и нејзиниот пртседател Црвенкоски.
Охридско струшкиот регион мора да се опорави од транзиционата катастрофа која ја предизвика Бранко и неговата тајфа, усогласени ставовите на претседателите на ОК ВМРО- ДПМНЕ на двете општини.Тие сметаат дека за брзо време душата на индустријата може да ја врати само Владата на Груески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град