Големи информативни табли ги предупредуваат граѓаните да не поминуваат по овој мост.
Дрвениот мост во Струга забранета зона. Од сите страни деновиве се поставени табли со кои се предупредуваат граѓаните дека истиот е опасен за минување и оти може да се сруши во секој момент. По многу години надлежните баш пред туристичката сезона се одлучија да забранат комуникација по дрвениот мост.
Граѓаните велат дека информативните табли не се пожелни среде туристичка сезона. Лошо време одбрале надлежните од Локалната самоуправа, коментираат граѓаните.
Стручните лица пак со поинаков став. Велат дека подобро дрвениот мост да се затвори за употреба за време на сезоната од колку да се сруши истиот. Освен што ќе настрадаат граѓаните, со тоа ќе се сруши и имиџот на туристчки град, вели архитектот Беким Кица.
„Сега има поголема комуникација по мостот за разлика од вообичаено, затоа опасноста е голема, посебно ако за тоа одлучила стручна комисија, дека истиот е ризичен за поминување на граѓаните“-истакна кица.
Твм овој проблем на неколку наврати го актуелизира, со предупредување дека мора истиот да се реконструира додека не настанал било каков инцидент.
„Надлежните имаа време да интервенираат уште по завршувањето на претходната туристичка сезона, и затоа ги обвинуваме дека несовесно си ја вршат својата работа“-истакна Кица.
Од локалната самоуправа при Општина Струга објаснуваат дека градежни зафати за реконструкција на мостот ќе се извршат по завршувањето на летната сезона. Сеуште не е дефинирано дали мостот ќе остане дрвен или пак од ќе биде од друг материјал. Она што е јасно, вели скретарот Зоран Гулицоски, е дека мостот нема да се реконструира туку во целост тој ќе се отстрани и ќе се гради нов.
Архитектот Кица пак вели дека пожелно би било при интервенциите да се зачува автентичноста на дрвениот мост. Не да се гради нов и од друга градба, туку Струга да го зачува добро познатиот дрвен мост, додава архитектот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град