ДПМНЕ Струга-Нема промена на имиња на улици без Бадентер

Доколку имињата сепак се променат, велат дека имаат и резервен план.

 |  Мишел Наумоски  | 
Drim Struga
Дрим Струга

ВМРО-ДПМНЕ од Струга ги сефтоса просториите на новиот општински комитет. Оттаму се огласи претседателот на струшкиот огранок, Перо Петкоски. Тој им порача на стружани дека имињата на улиците нема да бидат променети. Одлуката за промена на имињата на струшките улици  ги разбранува духовите на последната седница на советот на општина Струга, но Петкоски дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е категорично против било каква промена на имиња на улици, институции, плоштади. Велат законот и статутот на општина Струга се на нивна страна, но доколку таа промена сепак се случи, имаат и резервен план.

Pero Petkoski DPMNE„Ние оставаме институциите на државата да ги решаваат тие проблеми, ние го користиме се она што е во наша моќ законски да го доведеме ова во ред, бидејќи Бадентер е безразлика потребен за промена на улици, имиња на улици, плоштади, објекти, така да ќе го искористиме тоа право.Гарантирам дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Струга ќе го искористат тоа право и ги имаме во толкав број да ние одлучуваме по Бадентер.“-вели Перо Петкоски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга.

Петкоски реагираше и за неодамна поставената табла на влезот од селото Шум, на која на албански јазик пишува „Добредојдовте во Шум“.

„Во однос на нашиот став околу поставувањето на таблата кај селото Шум, сакам да истакнам дека таа табла е незаконски поставена и дека треба под итно да биде отстранета. Со самото тоа дека и самиот градоначалник го оправда овој чин, тој уште еднаш покажа дека тој не е градоначалник на сите граѓани на општина Струга туку само на одреден етникум.“-вели Попоски.

Петкоски ја повика и локалната самоуправа наместо да ги загрозува меѓуетничките односи, да се зафати со решавање на проблемите на граѓаните како што се асфалтирањето на патиштата, канализацијата и слично.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top