Во текот на оваа година само во градот се исечени околу 50-тина дрвја.
Додека насекаде се садат дрвја во Струга во последно време нагло се сечат. Градот од дена во ден губи најмалку по едно дрво. Во текот на оваа година исечени се околу 50 тина.
Стружани реагираат дека во градот многу малку се садат дрвја. Речиси и да не паметат кога последен пат било направено вакво добро дело.
Последното јавно засадено дрвце во Струга е тоа што се засади во паркот на поезијата и тоа во чест на годинешниот лауреат Фатос Арапи.
Како што Твм веќе информираше, неодамна граѓаните реагираа на откорнатите дрвја по кејот на Дрим. Стружани децидно беа против и на акцијата за сечење на 20-тината јасики во центарот на градот. Жителите изреволтирано упатуваат критика до надлежните за нивната негрижа кон белите дробови на градот.
„Сите дрвја што се исечени се со одлука на совет и тоа поради што претставувале опасност за минувачите и згора на тоа биле постари од 40-тина години“-истакна Рамиз Мерко, градоначалник на општина Струга.
Мерко вели дека во буџетот на општина Струга за следната година ќе се предвидат средства наменети токму за овие потреби. Ветува дека во градот ќе се засадат уште многу дрвја и дека ќе се залагаат за што повеќе зелени површини. Ова е и цел на пратеничките од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Струга, кои денес ја подржаа акцијата „Ден на дрвот- засадија својата иднина“.
„Оваа акција поради лошите временска услови ја реализираме по крајбрежјето на охридското езеро каде засадуваме дрвца“-истакна пратеничката Лилјана Затуроска од пратеничката.
Таа упати апел до граѓаните како и надлежните, со заеднички напори да се заштитат дрвјата и да се засадуваат нови, не мора тоа да е исклучиво само за „Денот на Дрвото“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град