Патронот на О.У. „Гоце Делчев“ кој секоја година се одбележува во средината на мај, годинава ќе се одржи на 8 ми јуни во рамките на манифестацијата „Гоцеви денови“. Отстранетата биста на Гоце Делчев од пред истоименото училиште во струшкото село Подгорци, причина поради што се доцни одржувањето на манифестацијата, информираат од организациониот одбор.
О.У. Гоце Делчев од Подгорци не го одбележа својот патронат во средината на мај, како што тоа традиционално се практикуваше 41 година по ред. Одбележувањето на патронатот беше ставен и изгласан во прогамата за култура на минатиот совет, што како одлука треба да ја почитува и новиот градоначалник, забележува советникот на здружената коалиција „За подобра Струга“, Никола Затуроски, кој воедно изрази сомнеж дека во случувањата во Подгорци свој удел има и градоначалникот Зијадин Села. Тој пак ги отфрла обвинувањата.
„Подгорци е рак рана на образованието во Струга, и сметам дека градоначалникот многу добро ги познава состојбите и сметам дека има замешано прсти во целата оваа работа. 02:45.+ 01:50 Ако би имало била каква наредба од страна на градоначалникот за непрославување на тој патронат јас му кажувам дека тоа е сосема погрешна одлука, патронатот мора да се прославува има организационен одбор таму и еве јавно му кажувам на градоначалникот дека тој патронат е ставен во програмата за култура што е изгласана од минатиот совет.
„Не сум информиран околу оваа работа, тврдам одговорно дека немам информација дали има барање за да се одржи патронат ниту имам права да навлегувам во правата на училиштето тие си имаат директори и тие одлучуваат“.
Што точно се случува околу одбележувањето на патронот на О.У. „Гоце Делчев“ од Подгорци во рамките на манифестацијата „Гоцеви денови, одговор побаравме од Стојан Кукунешоски, кој е член на претседателството на манифестацијата.
„Во средината на мај оваа година не се одржа, причина е бистата која што беше падната од постолјето и моментално се наоѓа во училиштето „Гоце Делчев“. Мештаните на село Подгорци овие дена направија напор овие дена да се врати бистата на своето место и да се одржи манифестацијата по 42 пат“.
Кукунешоски информира дека во рамките на одбележувањето на манифестацијата, предвидени биле низа културни настани. Тој нагласи дека во понеделник 27 мај, најавена им била посета од делегација од Советот на општина Струга, додека пак од Министерството за култура очекуваат финансиски средства.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град