Добри практики од Македонија за Албанија.Станува збор за проект кој отпочна во мај минатата година и ќе трае 18 месеци а се изведува преку меѓугранична соработка на РЦЕРД албанското здружение и Еколошкото друштво „Натура“од Струга.
Отворен Центарот за управување со животна средина во Струга. Канцеларијата претставува дел од проектот „Зајакнување на капацитетите преку образование и обука за заштита на природни ресурси во Охрид – Преспа сливови“, кој е тесно поврзан со целокупниот проект, кој треба да помогне во развојот на едукацијата за животната средина и како и за нејзина заштита. Учесниците од Република Македонија и Република Албанија во рамките на посетата разменаа позитивни искуства од двете страни, така што имаа можност да го посетат Националниот парк Галичица и пречистителната станица во Ложани, изјави Берат Села претседател на ЕД „Натура“ од Струга.
„Се работи за добрите практики кои се идентификувани од наша страна и за кои ние треба да ја запознаеме албанската страна. Се работи за посета од 50 членови од разни структури и ниво кои го посетија паркот Галичица и се запознаа со менаџирањето на паркот, добрите страни и навики кои треба да се пренесат на албанската страна“.
Работиме на подобрување на едукативните капацитети од двете страни како цел на проектот, изјави проф. Сулејман Суљче претставникот на албанската страна од меѓуграничлниот проект. Додава дека во тоа имат комплетна поддршка од двете Влади и на Р Македонија и Р Албанија.
Проектот на македонска страна продолжува следниот викенд. Планирано е да се изведат две нови обуки во кој учество ќе земат 80 учесници, 40 од Македонија и 40 од Албанија. Обуките ќе бидат посветени на еколошката едукација за Охридското Езеро и менаџмент во туризмот. Средствата за проектот се во висина од 200 000 евра обезбедени од ИПА фондовите. Како што информираат од двете страни целта на проектот е да се подобри професионална образование за животна средина и придонес за одржлив економски развој на прекуграничната област на Југозападниот регион во Македонија каде се вклучени општините Струга, Охрид, Поградец и Либражд.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град