До крајот на оваа година ќе се знае кога ќе започне да се гради новата струшка болница

Најизвесна локација за изградба на објектот е неизградено државно земјиште на магистралниот пат Струга – Ќафасан, од десната страна, каде дел од земјиштето ќе биде наменето за здравствена дејност.

 |   | 

Пациентите од Струга и регионов, како и здравствените работници од Струшката болница заслужуваат нов објект. Станува збор за здравствен објект кој е стар повеќе од пет децении со голем број инфраструктурни проблеми. Болницата во Струга опслужува повеќе од 150.000 пациенти годишно и во неа се лекуваат и пациенти од други градови но и од соседна Албанија. Филипче кажа дека сакале за првпат во здраствениот систем во Македонија да го вклучат принципот на јавно приватно партерство.

„Навистина одличен кадар работи во струшката болница во повеќе специјалности, но многу е лоша инфраструктурата. Ние разговаравме во неколку наврати дали вреди да се направи некаква реконструкција, меѓутоа нема да постигнеме ништо и затоа интензивно работевме со градоначалникот Мерко на идентификување на локација за новата болница, некаде на страна од сегашната, некаде каде би можело да никне објект во мкој ќе се третираат пациенти од целиот регион, не само од градот Струга“, изјави Венко Филипче – Министер за здравство.

Министерот Филипче е согласен дека за многу интервенции, како гинеколошки така и хируршки, пациенти доаѓаат не само од Струга туку и од околните градови како Кичево и од Дебар. Тој рече дека локацијата е идентификувана, дека се работат урбанистичките планови тука во општината и дека веднаш кога ќе биде јасно идентификувано земјиштето, ќе се пристапи кон проектирање на објектот. Во врска со изнаоѓање средства за изградба на објектот на маса се две опции кажа Филипче.

„Морам да напоменам дека имаме две опции. Пред нас е едната опција за јавно приватно партнерство тоа е нешто што го работиме со AFC од Светската банка го развиваме моделот за на некој начин го имплементираме во болничкиот сектор на секундарно ниво, или ќе одиме кон класичното задолжување за да ја изградиме таа нова болница заради тоа што не само градот Струга туку и целиот овој регион заслужува да има еден модерен објект“ објасни, Венко Филипче – Министер за здравство.

Пред околу една година министерот за здравство ќажа дека една од можните локации за изградба на новиот болнички објект е неизградено државно земјиште на магистралниот пат Струга – Ќафасан, од десната страна, каде дел од земјиштето ќе биде наменето за здравствена дејност. Оваа локација според неговите зборови останува една од најизвесните.

„Локацијата точно се знае тоа е некаде на патот за Ќафасан, сега јас не знам точно, деталите ги има градоначалникот, јас може да ви ги дадам во текот на следната недела и рокови многу тешко може да се кажат бидејќи станува збор за една динамична работа зошто ние после идентификувањето на земјишето ќе пристапиме кон иницијација на овие други, без да ме држите за збор до крајот на оваа година ќе имаме кристално јасна слика за почетокот на работата на болницата во Струга“ потенцира Венко Филипче – Министер за здравство.

Во моментот во болницата работат речис 300 вработени, од кои 46 се лекари-специјалисти, а 18 доктори по медицина. Признаваат дека моменталниот кадар не ги задоволува потребите за толкав голем број пациенти, оти се соочуваат со дефицит. Во стратешиот план од 2018 до 2022 биле побарани од Министерството за здравство нови вработувања , а биле одобрени и 20 специјализации. Само за потсетување Општата болница од Струга во 2013 година, се најде на листата на јавни здравствени установи со најдобри достигнувања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top