Една деценија во недостиг на сонце и светлост во својата соба на ул. Васил Стефоски бр. 72, живее Добривоје Михајловиќ. Михајловиќ раскажува како со својата сопруга 10 години не виделе бел ден во сопствената куќа, заради дивоградбата која нивниот сосед ја исправил во неговиот двор на само 35 сантиметри од прозорецот. Тој исцрпен од долгогодишните талкања по вратите на надлежните институции, вели дека нема повеќе каде да се обрати за да ја добие правдата.
„Судската процедура за нарушено владение тече уште од 1962 година и е завршена само една фаза“, вели Михајловиќ. Тој додава оти неодамна бил известен дека предметот се наоѓа во битолскиот суд и е донесена одлука за рушење.
„Ова е еден проблем кој е од наследените решенија на бившото Министерство за транспорт и врски“, вели одговорниот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски. Тој појаснува дека вакви решенија во нивниот сектор има над 1250. Во случајот со Михајловиќ, Танасоски вели дека се работи за случај во кој тужителот ги има изгубено сите правни постапки.
Танасоски вели дека мора да се пристапи кон рушење на се што е дивоградба, вклучувајќи го и овој случај. Но ваквите најави се веќе добро познати на охридската јавност, што како реализација на надлежните сеуште е без епилог.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град