Дивите депонии реален проблем во струшкиот регион

Диви депонии постојано никнуваат во Струга. Тие посебно се таложат на влезот и излезот од општината. Надлежните свесни за проблемот. Директорот на струшкото комунално претпријатие Гарип Каба вели дека добар дел од депониите без налог од инспекциските служби на своја рака ги расчистуваат.

 |  Николоска Биљана  | 
deponii
депонии

deponiiДивите депони реален проблем во струшкиот регион. Градежен шут, стара покуќнина, санитарии, остатоци од храна, и што уште не може да се забележи покрај патот за влез и излез од Струга. Сликата од терен говори дека стружани речиси и да не ја ценат работата на ЈП, бидејќи на очиглед на сите, тие по старите лоши навики одлагаат секаков вид на смет посебно градежен шут, на кого каде ќе му текне само да е надвор од неговиот двор.

„Претежно ние како ЈП ги имаме тие проблеми, значи несовесни граѓани фрлаат претежно градежен шут и на некој начин дивите депонии ни се се поприсутни во градот и на периферијата. Ние по сознанија од граѓани и со наши екипи преземаме дирекно запад и тие депонии ги отстрануваме“ – вели Гарип Каба, директорот на ЈП „Комунално“, Струга.

deponiiИ покрај тоа што расчистувањето на дивите депонии не е суштинска работа на ЈП, туку само еден дел од нивниот ангажман, директорот Каба нагласи дека неговата одговорност пред граѓаните на Струга е голема. Тој пред се како жител на градот сака да се залага за здрава животна средина,но напомош ги повика и надлежните инспекциски служби.

„Си има државни органи пред се Министерствот за екологија преку нивните инспектори мора да се грижат и за тој дел не велам дека и општината и инспекторите кои се дел од општината, кои се обврезани на некој начин да се грижат и за таа цел, но тука сме ние и преземаме директен чекор и ги отстрануваме и тие депонии, мада служби државни било од републички карактер или од општината треба макотрпно да работата во таа насока“ – вели Каба.

Каба напомена дека ЈП „Комунално“е отворено за соработка и ги повика сите оние кои имаат било каква потреба што се однесува до одлагање на секаков вид отпад да се обратат до нивните служби со цел да се надмине проблемот. Директорот кажа дека изминатиов период имале неколку акции на подигање кабаст отпад во образовните институции во градот, во јавните објекти, и секаде каде што имало потреба.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top