Дијабет карван во Струга

„За здравје се потребни двајца“. Ова е мотото на караванот на дијабет кој е во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, заедно со Министерството за здравство. Тие денес беа во Струга.

 |  Билјана Николоска  | 
dijabet karavan
dijabet karavan

dijabet karavan„За здравје се потребни двајца“. Ова е мотото на караванот на дијабет кој е во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, заедно со Министерството за здравство. Тие денес беа во Струга.

Бесплатни совети и мерење на шекер во крвта. Стружани денес беа дел од карванот на дијабет кој годинава е под мотото „За здравје се потребни двајца“. Овој карван предизвика голема заинтересираност кај граѓаните на општина Струга, бидејќи пред влезот на подвижната дијабет амбуланта имаше голема редица на пациенти. dijabet karavanПретседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија Др. Аврам Ванкоски, рече дека иако дијабетот претставува болест која не се лекува, но со правилна примена на основните постулати за исхрана и физичка активност, дијабетот може да се контролира. Тој се осврна на основната цел поради која се организира карванот на дијабет.
Дека одзивот на стружани е добар потврди и д-р Мирјана Костојчиноска. Таа потенцира дека ваквите акции се традиционални во Струга и оти пациентите однапред биле информирани за тоа. Костојчиноска исто така подвлече, дека на ваквите одбележувања се откриваат и нови случаи.
Дијабетот во светот претставува најголемо страдање на современиот човек. Бројката во моментов во светски рамки изнесува преку 250 милиона луѓе со дијабет, а во Македонија има околу 150 000 од кои 36 000 се на инсулин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top