Деветти по ред натпревар по англиски јазик во колеџот „Јахја Ќемал“

На него се натпреваруваа преку 200 ученици од повеќе основни училишта од југозападниот регион на земјава. За најдобрите десет ученици на натпреварот, колеџот „Јахја Ќемал“ обезбедува стипендии за студирање.

 |  Мишел Наумоски  | 
natprevar angliski
натпревар англиски

Деветти по ред натпревар по англиски јазик во приватното средно училиште „Јахја Ќемал“ од Струга. На него учество годинава зедоа околу 210 ученици од основните училишта од Охрид, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Демир Хисар, Кичево, Центар Жупа, Вевчани, Пласница и Другово.

natprevar Jahja Kemal„Целта на организирање на овие натпревари е да се влијае на развојот на образованието и науката во нашето општество. Исто така на учениците ко освојуваат добри места, на првите десет им поделуваме стипендии. Првото место на пример освојува 90 проценти попуст од школарината за запишување во „Јахја Ќемал“ колеџот, така да до десетто место освојуваат стипендии.“-вели Селда Шех Чорба од колеџот „Јахја Ќемал“.

Тројцата највисоко пласирани ќе добијат и парични награди од 5000 денари за првото, 4000 за второто и 3000 денари за третото место како и сертификати.

Колеџот „Јахја Ќемал“ сепак се грижи и за останатите учесници. Оние ученици кои се пласирале од 11то до 25то место ќе добијат можност да се запишат во колеџот без полагање на приемниот испит. Инаку според правилата од секое училиште можат да учествуваат максимум 12 ученици.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top