Депонија во срцето на Струга

Буниште во централното градско подрачје во Струга. Истурени најлони со ѓубре на сите страни, има и такви кои висат дури и по струјните и телефонските кабли.

 |  Билјана Николовска  | 
gubre
ѓубре

gubreБуниште во централното градско подрачје во Струга. Истурени најлони со ѓубре на сите страни, има и такви кои висат дури и по струјните и телефонските кабли.

Сокак опколен со смет. Расфрлано ѓубре на сите страни. Целата состојба дополнително ја влошува градежниот шут заради кој пристапот на возилата за подигање на отпад е невозможен. Првиот човек на ЈП „Комунално“ Петко Кутаноски, затекнат од оваа состојба, признава дека се наоѓа пред дива депонија. Тој рече, законски е недопуслив ваков хаос и додаде дека со ова граѓаните сами себе се уништуваат.
Градежниот шут на овој дел од градот исто така незаконски е расфрлан насекаде. По се изгледа инвеститорот не е информиран како треба да го третира. Кутаноски кажа до каде се нивните ингеренции.
Граѓаните кои живеат тука не сакаа да коментираат пред нашата камера. Велат дека секој си зема за право да прави што ќе посака. Додаваат, дека досега не виделе ниту еден инспектор да дојде и да ја согледа оваа состојба како од комуналната така и од градежната сфера. Се прашуваат дали има инспектори бидејќи повеќе од очигледно во овој случај тие затаиле. Кутаноски вели дека има инспектори, но недостига комуникација помеѓу нив.
Граѓаните на централно градско подрачје писмено биле известени дека по новата програма на ЈП „Комунално“ овој дел се чисти секојдневно. Исто така граѓаните уредно биле информирани кога и каде треба да го изнесуваат сметот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top