Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани по 7 – ми пат е организатор и домаќин на фестивалот за народна култура „ПОБРАЖЕЊЕ“ кој од вечерва и во наредните три дена ќе се одржи во Вевчани.
Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани по 7 – ми пат е организатор и домаќин на фестивалот за народна култура „ПОБРАЖЕЊЕ“ кој од вечерва и во наредните три дена ќе се одржи во Вевчани. И оваа година на големата летна сцена во центарот на Вевчани својот фолклор ќе го презентираат фолклорни ансамбли од Македонија и странство. На свеченото отворање ќе му предходи големо дефиле низ Вевчанските улици предводено од Вевчанските зурли и тапани.
Од денеска Вевчани слави. Секој Вевчански дом се подготвува и во деновите кој престојат го прославува Преображението Христово, нашата Вевчанска слава, а заедно со нас во овие радосни празнични денови, оваа година, 300 уметници од Македонија и странство ќе го слават и фолклорот, традицијата, уметноста. Фестивалот за народна култура „ПОБРАЖЕЊЕ“ веќе е препознатлив на културната мапа на Р.М, одлично прифатен од населението, а редовно посетуван и од туристите кој летуваат на Охридско-Струшкото крајбрежје. Е, па тоа е целта, среќни сме што успеваме да ја постигнеме, а од година во година и зголемиме – изјави м-р Тошо Чочороски, претседател на КУД „Дримкол“ – Вевчани.
На овогодинешното издание на фестивалот учество ќе земат: КУД ,,Илинден ,, – Битола, Македонија; КУД ,,Пирамида ,, – Охрид, Македонија; КУД ,,Екрем Мујкич,, – Бутмир-Илиџа, Сараево, Босна и Херцеговина; Ф.А. ,,Стропковчан,, – Стропков, Словачка; КУД ,,Керамичар,, – Велес, Македонија; ХКУД ,,Железничар,, – Загреб, Хрватска; Ансамбал ,,Магура Цодлеа,, – Брашок, Р.Романија; КУД,,Млади рудар,, – Добрња, Тузла, БиХ.
Покрај орската традиција, фестивалот една од вечерите ја посветува и на вокално – инструменталната традиција, а оваа година во оваа категорија ќе се претстават: народниот оркестар при ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов,, Штип во класата на проф. Илија Ќосевски, Пејачка група при КУД ,,Екрем Мујкич,, – Бутмир – Илиџа, Сараево, БиХ и пејачката група ,,Каданка,, при КУД,,Дримкол,, од Вевчани.
Во рамки на фестивалот оваа година ќе се одржи и работилница за традиционално пеење предводена од доц.д-р. Велика Стојкова – Серафимовска, етномузиколог при Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје.
Мошне интересна програмска содржина по кој овој фестивал е различен од сите други е и учеството на ликовни уметници кој за време на фестивалот сликаат на тема: „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“. Оваа година гостин е ликовниот уметник Сајет Дарвиш од Париз, Франција.
Фестивалот за народна култура ,,Пображење,, Вевчани е под покровителство на Министерството за култура на Р.М и Општина Вевчани.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град