Манастирот Пресвета Богородица во Калишта струшко, во знакот на одбележувањето на големиот христијански празник Мала Богородица. Овој манастирски комплекс посебно е познат по тоа што наспроти празникот и на самиот празник кој секоја година се слави на 21 септември ширум ги отвора портите на својот атар за сите верници.
Мошне значајно и интересно е што за денешниот празник во Црквата на Пресвета Богородица свеќи палат и припадници на исламската вероисповед. Секоја година редици на луѓе чекаат пред вратите на манастирот за да се поклонат пред чудотворната икона на Пресвета Богородица за што постојат бројни верувања, дека има исцелителна моќ.
Годинава манастирот бил помалку посетен најверојатно поради временските прилики и поројниот дожд што вчера без престан паѓаше. Во атарот на манастирот се и двата извори кои имаат лековита моќ. Едниот кај Цркавата Св. Петар и Св. Ананија. Според народните верувања оваа вода лекува стомачни, бубрежни и др заболувња, а помага и кај стерилитетот. Најчесто се носат малите деца и се мијат со оваа вода за здравје. Луѓето велат колку што човек има верба во душата толку Бог дава.
енес во манастирот Пресвета Богородица се одржа и свечена литургија. Богородица е заштитница, молитвеница, закрилница на сите христијани и во нејзините молитви таа е заштитница. Богородица е пример за семејството како мајка, совршенство и пример за доброта, кротост, за смиреност. Таа е пример што треба да го следат сите христијани во својот животен пат за усовршување, односно постигнување живот вечен, бидејќи смртта за христијаните е премин, односно врата од земниот кон небесниот живот. Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и страдања и по смртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото. Доживеала длабока старост.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град