Денес се огласија средношколците од Струга

Бараат од понеделник да се почне со одржување настава.

 |  Билјана Ќосеска  | 
SUM
СУМ

Штрајкот на СОНК сериозно ги замисли струшките средношколци, стравуваат да не им се поништи оваа учебна година.

Струшките средношколци бараат од понеделник да се започне со одржување на настава. Тие ги подржуваат барањата на нивните соученици од цела држава. Бараат да им се овозможи правото на непречено одвивање на насавата. Доколку вработените во образованието го продолжат штрајкот, струшките средношколци се плашат од можните последици.

SUMАпелираат училишната настава да продолжи со несмален интензитет. Средношколците сметаат дека во оваа цела ситуација се целосно заборавени. Велат нашето место е во клупите, а не надвор од нив. Најголема жртва од од ваквиот штрајк сме токму ние средношколците, и тоа во време кога треба да се подготвува за државна матура и за полагашена полугодишните тестови, истакнаа учениците. Поради овие издржани причини веруваат дека ќе наидат на разбирање кај штрајкувачите.

За своите барања средношколвите од Струга ќе ги информираат надлежните. Очекуваат подршка од градоначалникот Рамиз Мерко како и раководителот на одделението за образование, Џејми Хајредини. Се надеваат дека ќе се изнајде заедничко решение без тоа да нанесе штета ниту на учениците ниту на штрајкувачите.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top