Ден на водни спортови“, празник за стружани

Пет спортови на вода во еден ден. Годинава за прв пат во пет дисциплини 80 натпреварувачи од Струга, Охрид и Скопје си ги одмерија силите. Струга втора година по ред е домаќин на „Ден на Водни спортови“, настан кој од година во година прераснува во една заначајна спортска манифестација која покрај натпреварувачкиот карактер го промовира градот и ја продолжува туристичката сезона.

 |  Николоска Биљана  | 

„Ден на водни спортови“. Втора година по ред градот на две води, Струга, го организира овој настан, кој прераснува во традиција. Ентузијазмот на младите е посилен од сите проблеми со кои последниве години се соочуваат водните спортови на нашиве простори, вели претставникот на организациониот одбор Иван Андрески, додавајќи дека енергијата, целта и успехот на младите спортисти веќе ја мапирааат Струга на Европската карта на водени спортови. Но Андреески открива дека ниту Локалната самоуправа на градот, ниту Агенцијата за спорт и млади не партиципира со никаква помош за поддршка на овој значаен за градот настан.

„Се потрудивме многу оваа година да го подигнеме нивото на настанот, се разбира дека има и мали недостатоци на наредната година настанот ќе го направиме поинтересен, со вклучување на други спортови и други ферерации бидејќи нашиот град тоа го заслужува и водните спортови мора да бидат повеќе застапени. Морам тука да спомнам дека општината не ни помогна во организација на настанот исто така ниту Агенцијата за спорт и млади воопшто не помогна“.

Кајакарскиот кану клуб „Црн Дрим“ од Струга е еден од најтрофејните клубови. Претставникот на овој клуб Крсте Бунчески, вели дека успехот го носат уште од времето на бившите југословенски простори па се до денес.

Иако сме тешки со финансии сепак спортскиот дух на стружани и нашите дечиња не е нарушен, еве броиме 50 активни деца така да и во лоши финансиски услови имаме одлични резултати

Тренерот на Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга Марио Јованоски, вели дека и нивниот клуб е во тешка финансиска криза и тој аспект имал големо влијание врз активностите на клубот, но сепак резултатите кои ги постигнуваат на европско ниво ги бодри да продолжат.

Сега полнуваме да се натпреваруваме и во Европски првенства, пред тоа бевме на светско јуниорско првенство во Литванија, моментално останатите се Турција на Балканско првенство во веслање и очекуваме резултат

А на денешните победници воопшто не им беше тешко да се пофалат за својот успех.

„Љубовта кон овој спорт ја имам од 8 години, тренирам 6 години, и сакам да продолжам. Водните спортови треба да ги подигнеме уште повисоко и чест ми е да учествувам на еден ваков убав настан“ – вели Никола.
„За мене овој натпревар е големо достигнување. Се натпреварував и не очекував дека ќе бидам прво место но ете“- кажа Илија Бунчески.

Во дисциплината СУБ или стоечко веслање, првото место го понесе младиот скопјанец Христијан Никодиновски.

Дојдовме цел тим во поголем број и навистина ни е мило што конечно се организираше еден ваков настан каде што сите кои што сме од водните спортови се собравме на едно место каде што пред се разменивме искуство, се натпреварувавем и се дружевме со цел да ги подигнеме водните спортови на повисоко ниво

Во дисциплината кану двоклек првото место го освоија Коста Хиохи и Томе Кукунеш. Коста Хиохи вели дека денешниот ден е празник за стружани бидејќи убеден е дека не постои стружанец кој не се испробал во некоја водна дисцплина.

Едно извонредно збиднување во Струга бидејќи градот ги прославува овие водени спортови кои исто така се најпосетувани спортови во општината. Првично природните услови ги имаме од старт што е основен предуслов за практикување за една ваква наутичка дисциплина, но во моментов клубовите страдаат од оние егзистенционални проблеми

Спортските клубови на вода очекуваат подобри времиња за нив и веруваат дека сепак ќе проработи свеста кај надлежните дека не е само ракометот спорт кој треба да се поддржува туку дека секој спорт си има свое место и заслужува поддршка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top