Ден без цигари

Пушењето е масовна појава која со епидемиски размери се шири во неразвиените земји и во земјите во развој. Додека, пак бројот  на пушачи стагнира во развиените земји како резулатат на нивото на здравствена заштита стои во извештајот на Светската здрвствена организација.

 |  Валентина Неловска  | 
pushenje
пушење

cigariПушењето е масовна појава која со епидемиски размери се шири во неразвиените земји и во земјите во развој. Додека, пак бројот  на пушачи стагнира во развиените земји како резулатат на нивото на здравствена заштита стои во извештајот на Светската здрвствена организација.
Во фокусот на вниманието годинава СЗО  го става здравјето на  женската популација, истакнува Мимоза Ставрева проект координатор, при ОО ЦК.  „31 мај-„Ден без цигари“ е и светски ден за борба против пушењето. Инаку, според СЗО пушењето е грозно за убавнината на жените. ОО на Црвен крст ги следи препораките на СЗО и преку цела година реализира разни  активности  и се вклучува во борба против пушењето. Најчесто тоа се прави со типизирани предавања во основните и средните училишта.  
Пушењето се вбројува во болестите на зависност како и наркоманијата и алкохолизмот, вели Ставрева.
Светската здравствена организација во 151 земји во светот спровела истрaжувања кои укажуваат дека расте бројот на  женската популација која пуши. Се повеќе  девојки тинајџерки посегнуваат по цигари.     
Од СЗО укажуваат дека жената треба да се заштити од маркетингот на тутунската индустрија и пушењето.
Предупредуваат дека не постојат така наречени лајт или лесни цигари.  
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top