Дејствувај за Дрим

13 организации од земјите од сливот на реката Црн Дрим, работат на иницијатива за здружување и поголема соработка, во насока за заштита сливот на реката Црн Дрим . Тие обиколувајќи ги 5 те земји кои ги поврзува реката Црн Дрим имаа можност да погледнат голем број растителни и животински видови како и тоа да се запознаат со сето она што се наоѓа во сливот на реката.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Oбединети под заедничката иницијатива „Akt 4 Drin“, група балкански студенти беа запознати со законските регулативи од петте земји кои ги поврзува сливот на реката Црн Дрим. Оваа пролетна школа за прв пат се организира, а како иницијатива ги обединува студентите од земјите од сливот на реката Црн Дрим, како што нагласи Тома Влахојани програмскиот координатор на медитеранската организација. Таа додаде дека ги хармонизираат студентите и ги учат за богатствата што ги нуди црнодримскиот регион. Влахојани истакна дека 28 студенти во текот на својот престој во нашата земја имаа можност да сретнат голем број растителни и животински видови и да се запознаат со сето она што се наоѓа во сливот на реката Црн Дрим, како и да добијат уште поголеми знаења од оние што ги имаат стекнато на своите факултети.

„Се наоѓаме во прекрасниот град Струга, каде што истекува реката Црн Дрим, меѓутоа претходниве денови имавме голем број на студиски посети каде што посетивме клучни заштитени подрачја во Македонија како што се НП Маврово, Галичица, островот Голем град, резерватот Езерани во Преспа. Тука сме уште денес, продолжуваме во Албанија на Скадарско Езеро и на крај завршуваме во Црна Гора во Улцињ ќе ги посетиме соланите кои се наоѓаат таму каде што всушност реката Бојана односно Црн Дрим се влева во Јадранско Море“

Впечатоците на студентите се неопишливи, бидејќи на терен имале можност да погледнат едно големо разнообразие на видви со кои располага ова подрачје, како што нагласи Бисера Влахова, студент по екологија. Таа нагласи дека очигледна била добрата соработка помеѓу сите студенти кои учествуваат во овој проект.

„Има една многу добра енергија во целата школа учиме многу нови работи, се дружиме сите заедно, воспоставуваме интернационални другарства кои што мислам дека ќе ни останат за цел живот и ќе ни помогнат заедно да работиме за заштита на реката Дрим и на нејзиното сливно подрачје“

Учесниците и организаторите кажаа дека посебно се воодушевени од гостопримството на нашиот народ и од нивната соработка, но и од соработката со институциите, а посебно со македонските еколошки друштва од Битола, Охрид и Скопје, без кои невозможно би било да се добијат потребните информации. Инаку проектот е финансиран во рамките на Critical enviromental partnership fund, проектот трае две години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top