Дедо Mраз во домот на Дукадинка Рајчиноска

Масата во скромната куќа каде што живее Дука, за миг се наполни со разни новогодишни подароци, гест на невладината „Езерка“ од Струга. Но најголемо изненадување за Дука оваа година, е успешната трансплантација на бубрег.

 |  Билјана Николоска  | 
Dukadinka
Dukadinka

kaj DukadinkaУспешна трансплантација на бубрег. Дукадинка Рајчиноска, која години наназад живееше на апаратите за дијализа, сега нема потреба од нив. Денес со полни раце подароци по повод престојните празници, во нејзиниот дом во струшкото село Мислешево, во посета беа од НВО „Езерка“. Како што кажува Драгица Павлеска Попеска од Езерка, Дука е нивна долгогодишна пријателка и често од хуман аспект и помагаат онолку колку што се во можност.
Дукадинка со нетрпение не дочека. Таа е пресреќна што помина едно големо премрежје во нејзиниот живот, и сега зад себе ги остави апаратите за дијализа кои до неодамна и беа неопходни за живот. Таа сега слободно може да им се придружи на нејзините врснички.
kaj DukadinkaДонаторот на бубрегот или мајката херој на Дука, рече дека многу стравувала пред да се случи трансплантацијата. Но сега, таа вели дека добро закрепнале и двете, а најмногу од се е задоволна што нејзиното дете нема повеќе да зависи од дијализа. Таа додаде дека се живее и со еден бубрег без компликации.
Дукадинка Рајчиноска сега се подготвува да се врати во училишната клупа. Нејзиниот живот е целосно изменет. Мајка и вели дека Дука е под терапија и оти сеуште е под лекарски надзор и се прават анализи, но исто така убедена е дека најлошото поминало и дека трансплантацијата е успешна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top