Детската недела се одбележа и во Струга

Родителите од децата од предшколските установи донираат облека со цел да им се помогне на оние деца од општина Пустец.

 |  Билјана Ќосеска  | 
deca
deca

Родителите од децата од предшколските установи донираат облека со цел да им се помогне на оние деца од општина Пустец.

Детската недела не ја заборавија Стружани. Предшколската установа 8-ми март со бројни активности ги обележа деновите посветени за детето. Членовите во детската градинка “Сонце“ како и „Пеперутка“ кои се во склоп  на „8-ми Март“ во текот на оваа недела се запознаваа со своите права и ја одбележаа со неколку активности.

gradinkaВо склоп на „Детската недела„ предшколската установа организира и хуманитарна акција. Родителите на децата кои се членови во градинките се известени дека треба да донесат подарок, за на тој начин да им се помогне на другите деца.

Хуманитарната акција насловена како „Од дете за дете„ е со цел да им се помогне на децата од општина Пустец, Р.Албанија а е во организација на з.ж Езерка од Струга како и пратеничката Лилјана Затуроска.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top