На истото место како лани, денес децата палеа свеќи во чест на Тоше

Исто како е пред една година, во Струга од сите страни се слушаат хитовите на Тоше Проески.

 

 |  Билјана Ќосеска  | 
Tose Proeski
Tose Proeski

Токму на истото место лани насолзени очи му упатуваа пораки на Проески, и му се лутеа на господ зошто кај себе да го зеде ангелот со божји глас. Во паркот на поезијата се палеа свеќи, во знак на почит за Тоше Проески. Како да беше вчера, денес на истото место, една година без Тоше на мирен и достоинсвен начин, ја одбележаа децата од градинаката 8-ми март.

„Го одбравме ова место пред Св.Никола за секое дете да запали свеќа во чест на Тоше, беше наша иницијатива со цел да кажеме колкава е нашата љубов кон него“ вели Симонка Јаканоска, директор на детска градинка 8-ми март во Струга.

decaОд него научивме како е да сакаш но и да те сакаат, научивме да бидеме хумани и да правиме добри дела. Пораките кој тој ги делеше, се трудиме да им станат навика на децата, истакна Јаканоска. Рече дека мотото на Тоше Проески, веќе е секојдневие за децата, љубовка кон него ја споделуваат меѓусебно и се што се прави за него е создадено со внимание и љубов.

Со песните на Тоше Проески започнува и завршува секој ден. Пракса ни е вели Јаканоска, секоја свеченост да биде посветена на големата музичка звезда. Дека љубовта на децата кон Тоше Проески потврдува и фатот што секое дете го знае речиси секој рефрем од песните на македонската ѕвезда.

 

 

Една година без Тоше 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top