Децата со интелектуална попреченост сега се гледаат со поинакви очи

Не се надминати предрасудите за овие лица, но не радува фактот што општеството ги прифаќа како такви, велат стручните лица.

 |  Колоска Билјана  | 
deca
деца

Не се надминати предрасудите за овие лица, но не радува фактот што општеството ги прифаќа како такви, велат стручните лица.  

decaВо Струга децата со интелектуална попреченост се гледаат со поинакви очи. Полека овие лица во општеството во кое живееме се прифаќаат без никакви предрасуди. Воопшто не е чудно ако децата со интелектуална попреченост ги видите по некои од струшките кафулиња или пак на културни настани кои се организираат по градот. Имаме неколку програми преку кои се трудиме овие лица да ги интегрираме во средината во која живееме, децата тоа го примаат но општеството полека но сигурно почнува да ги прифаќа, велат од Дневниот Центар „Порака Нова“.
„Активностите кои ние ги изведуваме придонесуваат да се подигне јавната свест. Сега луѓето знаат за овие деца, дека постои центар,  и сакаат на различни начини да помогнат“-вели Анита Гагоска од  Дневен Центар „Порака Нова“.
Факт е дека ги надминуваме ситуациите од минатото, кога родителите се плашеа своите деца со интелектуална попреченост да ги експонираат во јавност. Барем ова може да го кажеме за дневниот центар во Струга, каде членови има од двете националности, велат од таму.
Мора да најдеме начин во овој центар да ги вклучиме и лицата со интелектуална попреченост кои живеат во руралните средини. Единствена препрека за реализација на овој план е превозот до центарот, вели претседателот на „Порака Нова“. Доколку имаме организиран превоз тогаш со сигурност бројот на членови во дневниот центар ќе биде поголем.
„Тоа би можело да се реши само со едно возило, тоа би кружело по селата и би ги носело децата до дневниот центар. Реално, финансиски е тешко исплатливо“-вели претседател на „Порака Нова“, Соња Маџоска.
Од дневниот центар се надеваат дека овој проблем ќе се реши само доколку во пресрет излезат  добронамерни граѓани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top