Брендот носи повеќе пари и подобар пласман. Во списокот на 9 брендирани македонски производи се најде и Дебарското овчо бело сирење.
Брендот носи повеќе пари и подобар пласман. Во списокот на 9 брендирани македонски производи се најде и Дебарското овчо бело сирење. Директорката на Центарот за развој на ЈПР Мирјана Лозаноска истакна дека нивниот досегашен труд и мерките кои ги презеле, резултирале со одреден бенефит, а во моментов работат тоа да го наметнат и на странските пазари.
„Пред извесно време брендиравме дебарско сирење и резултатите од тоа се видливи, производителите ни кажаа дека откако ја направививме таа колективна трговска марка, значително е зголемена продажбата на тоа сирење и интересот за тоа сирење, тоа е една од мерките што сме ги презеле до сега. И сега работиме, значи тоа е на ниво на Македонија, сега работиме на добивање една меѓународна таква марка за да можат и надвор од Македонија да извезуваат“вели Лозаноска.
Во Дебар, дебарско, заедно со регионот Жупа има 60 одгледувачи на овци, вели претседателот на Здружение на сточари од општините Дебар и Центар Жупа, Скендер Аме. Тој нагласи дека производството на сирење бара многу посветеност работа и аннгажман, со цел да се добие резултат кој е признат.
„Ако се работи со кеиф, денеска и државата ни дава услови не помага со субвенции, навистина одиме напред. Само за пример во 2000 година имавме 25 000 грла овци сега тоа е стигнато до 40 000 грла овци. Секој сточат стадото го има зголемено за 30%, благодарение на субвенциите “ потенцира Аме.
Во дебарскиот крај има околу 30 мандри, бачила, нагласува Аме. Додава дека работат на тоа да се изнајде еден технолог, сточар, кој ќе обезбеди рецепт како квалитетот на сирењето би бил подеднакво добар во сите постоечки бачила. Со добивањето сертификат за трговска марка од Агенцијата за брендирање прехранбени артикли, дебарските сточари официјално го брендираа нивното бело овчо сирење. Инаку во дебарскиот регион, кој има богати пасишта со околу 40.000 грла ситен добиток, годишно се произведуваат над 350 тони сирење, познато по својот квалитет. Засега овие количини кои ги произведуваат дебарските сточари се доволни за македонскиот пазар, но сеуште не може да се зборува за извоз, вели Аме. Тоа би се постигнало доколку сите сточари од Македонија би се здружиле, како белото македонско сирење би се нашло на странските пазари, каде има побарувачка.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град