Дамка за Вевчани

На денот на најголемиот христијански празник Велигден, некаде околу 20 часот се случи физичка пресметка помеѓу членовите на актуелната владејачка партија ВМРО – ДПМНЕ.

 |  Билјана Николовска  | 
Dejkoski
Дејкоски

vevcaniПолитички реваншизам. Тепачката што се случи во Вевчани пред кафетеријата Плаза меѓу членови на ВМРО – ДПМНЕ е ескалација на веќе постоечки проблеми помеѓу членството. Тони Дејкоски активист на партијата од 1991 година, со тешки обвинувања до вевчанскиот пратеник Крсто Мукоски. Според неговите искажувања, на празникот Велигден бил повикан од пратеникот Мукоски на кафе во кафетеријата Плаза. Иако веќе подолго време помеѓу нив владело нетрпение, тој се согласил на поканата со надеж дека ќе ги надминат меѓусебните разбирања. Но, наместо мирна средба, од за него непознати причини како што вели Дејкоски, Мукоски почнал вербално да се расправа со него. По неколку секунди пристигнал и сопственикот на кафетеријата, Владо Попески кој започнал физичка пресметка со Дејкоски.

Пратеникот Крсто Мукоски во краткиот телефонски разговор ни изјави дека воопшто немало никаков инцидент, дека не учествувал во тепачка и ќе излезе со официјален став по извештајот на СВР. Најави и кривични пријави до сите оние кои што го инволвираа неговото име во овој инцидент.

DejkoskiСопственикот на Плаза, Владо Попески пак, кој што Дејкоски го обвинува за иницирање на тепачката, вели дека Дејкоски е виновникот и го посочува како импулсивен  и проблематичен сограѓанин.
Од СВР Охрид сеуште работат на расветлување на случајот. Според досегашните сознанија, портпаролот Стефан Димоски потврдува дека на Велигден имало  нарушување на јавниот ред и мир во Вевчани. Тој додава, цитирам „ Пратеникот Мукоски не е ни директно ни индиректно вмешан во настанот. Се`уште прибираме информации за да утврдиме против кого се ќе бидат поднесени пријави“, завршен цитат.
Дали се работи за однапред подготвено сценарио против пратеникот Мукоски или навистина народниот избраник го предизвикал немилиот инцидент ќе покаже завршниот извештај на СВР.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top