Дали ќе се исполнат дадените ветувања

Изградбата на новите училишни згради во Струга, неизвесна. Сеуште се префрла топката од локално на централно ниво и обратно.

 |  Билјана Николовска  | 
OSU Niko Nesetor
ОСУ Нико Нестор

OSU Niko NesetorСтрушките гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“, години наназад беа мета на немили настани и бројни тепачки. Еден од начините за  надминување на проблемите во овие гимназии беше решавање на просторното прашање или обезбедување нова училишна зграда. На тоа пред една година се обврзаа и Локалната од Струга и централната власт, но по се изгледа збор дадоа само кога им гореше под нозе. Сеуште нема никаква реализација на многубројните ветувања. Министерот за образование, Никола Тодоров пред неколку дена изјави дека нема што да се договара со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко околу изградбата на новата училишна зграда. Тој додаде дека должност на градоначалникот е да најде соодветна локација. Министерот потенцира, цитирам „ Ние не бараме решение со Рамиз Мерко, ние бараме она што е во согласност со законот да може да се имплементира. Бараме локација која е определена согласно ДУП за изградба на училиште и ги превземаме сите мерки кои ни стојат на располагање, а кои се во согласност со законот“ завршен цитат. На ова Мерко со став, дека нема потреба од кревање непотребна тензија бидејќи со ресорното министерство и Владата секојдневно биле во комуникацијата и тие биле запознаени со сите случувања.
OSU Niko Nesetor

Општинскиот раководител на Секторот за образование Џеми Хајредини вели дека состојбата е под контрола од нивна страна, постојано ја следат и цело време прават напори преку проекти да допринесат таа да не ескалира. Ова го потврди и директорот на СОУ „Нико Нестор“, Никола Затуроски. Тој рече дека „се што се прави во средношколските центри има за цел подигање на безбедноста на учениците, за што зборува и проектот со оградувањето на дворот и поставување видеонадзор“.
Да се надеваме дека и кај двете страни ќе преовлада разумот и конечно политиката ќе остне настрана во интерес на безбедноста на децата кои ќе можат да учат во новоизградени објекти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top