Да живее пливањето

Промотивен натпревар во пливање помеѓу Струга и Битола. Целта на ова натпреварување е да се врати духот на пливањето, посебно во градовите Охрид и Струга кои се колевка на тој спорт.

 |  Николовска Биљана  | 

Промотивен натпревар во пливање помеѓу Струга и Битола. Целта на ова натпреварување е да се врати духот на пливањето, посебно во градовите Охрид и Струга кои се колевка на тој спорт.
Се враќа духот на пливањето во Струга.

plivacПосле 20 тина години, отворениот струшки базен во близина на женска плажа повторно заживеа. Пливачките патеки, се уредно обележани и подготвени за нови предизвици. Тоа денес го искористија пливачите на ПК „Струга“ од Струга и ПК „Олимпик“ од Битола. Тука се одржа промотивниот двомеч, каде пливачите од сите возрасни категории ги одмерија своите пливачки вештини во познатите стилови. Пливањето во Струга доживеа преродба изјави претседателот на ПК „Струга“ Ѓоко Чуркоски кој додаде дека стои на своите ветувања.
Тренерот на ПК „Олимпик“ од Битола Кирил Марков, истакна дека дружбата и соработката после 15 етина години заслужува обнова. Посебно во Струга, градот на Охридската ривиера. Тој изрази големо жалење што името на градот Охрид кој претставува колевка на овој спорт го нема.
Пливачите од двата клубови вљубени се во спортот кој го негуваат. Тие велат, иако пливањето е тежок спорт заслужува комплетно да му се посветиме и да го одржуваме во иднина.
Промотивниот двомеч беше проследен од бројна публика, која на младите пливачки таленти ги бодреа и навиваа. Целокупната атмосвера што владееше на отворениот пливачки базен во Струга комплетно одговори  на потребните услови за пливачки натпревар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top