„Да не се заборави и никогаш да не се повтори“

Одбележани 66 години од формирањето на првата македонска народно ослободителна ударна бригада во Локов.

 |  Крсте Голабовски  | 
borci
борци

borciОдбележани 66 години од формирањето на првата македонска народно ослободителна ударна бригада во Локов.

На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Зоран Коњаноски, како и претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

„Да не се заборави, но никогаш да не се повтори“, беа зборовите со кои генералот во пенззија Тодор Атанасоски се потсети на НОБ. Пред 66 години на 8 јуни 1944 година, во ова село на истурениот височински, но живописен дел на планината Караорман беше формирана Првата Македонска народноослободителна ударна бригада. Генерал Атанасовски пред присутните се потсети на храбртоста, и решителниот исчекор за заживување на слободниот живот.

На денешниот собир присуствуваше и министерот за одбрана во владата на Република Македонија Зоран Коњановски кој истакна дека исполнета е задачата на секој од учесниците во НОБ, а денес живееме со придобивките од неа.

borci

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенкоски,з истакна дека станува збор за неизбришлив и неменлив дел од нашата историја, а со тоа и нашиот идентитет.

На свеченоста присуствуваа преживеани борци од бригадата, претставници на боречките организации на Струга, Охрид, Битола и Скопје, Армијата на Република Македонија и други гости и граѓани на Струга и околните села.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top