Верските објекти во Струга нема да плаќаат комуналии. Струшките советници одлучија, сите верски објекти на подрачјето на општина Струга кои се предмет на легализација да бидат ослободени од надоместокот за користење градежно земјиште.
Црквите и џамиите во Струга ослободени од комуналии. Струшките локални власти удоволија на барањето на Македонската православна црква и исламската верска заедница, сите верски објекти на подрачјето на општина Струга кои се предмет на легализација, да бидат ослободени од надоместокот за уредување на градежно земјиште. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски прецизно појаснува за каква одлука станува збор.
„Значи сите верски објекти кои што се изградени без одобрение а за кои што се доставени барања за легализација се ослободуваат од надоместок за уредување на градежно земјиште или надоместок за комуналии. Но постои уште една одредба во таа одлука која што укажува дека ослободени од комуналии ќе бидат верските објекти кои исклучиво се за таа намена, тоа значи за верско учење и верски обреди а не и за комерцијални цели“-вели Гулицоски.
За утврдување на правото кои верски објекти ќе ја искористат можноста да бидат ослободени од комуналии ќе одлучи комисија, информира Гулицоски.
„Комисија формирана од општина Струга која постапува по статусот за бесправно изградени согласно законот излегува на лице место, таа фотографира таа изготвува записник и врз основа на тие податоци се утврдува дали има комерцијална дејност или не. Доколку има по тој предлог се доставува до надлежниот орган и му се сугерира дека објектот не коиндицира со одлуката на Советот на општина Струга.“
Комисијата веќе има извршено увид на неколку верски објекти, изготвен е записник и во тек е процедурата за изготвување на урбанистичка согласност, информираат од Локалната самоуправа во Струга. Некаде околу 10 верски објекти на територијата на општина Струга ќе имаат можност да го искористат правото на ослободување од комуналии.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град