Цаноски порача да се гласа за човек а не политичка партијa

Етничките делби  веќе се минато вели градоначалничкиот кандидат, Фијат Цаноски.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

Време е да ги заборавиме етничките делби, да размислуваме што е добро за нас,  а не кој работи за албанците а кој е против македонците. Во вашите раце е судбината на Струга и граѓаните, вие треба да одлучите кој да го води овој град, оваа е пораката од кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски упатена до стружани. „Етничките делби се минато, тоа го докажавме во привиот круг гласање, не е важно дали градоначалникот е албанец, турчин или македонец, важно е тој да знае да работи“- додаде Цаноски.

Тој на прес конференцијата потенцира оти доколку тој биде прв човек на Струга ќе работи во интерес на сите граѓани.

Fijat Canoski„Не е вистина дека гласачите кои благодарение на нив влегов во втората трка, ми ја дадоа довербата бидејќи парично сум им помогнал“- демантира Цаноски.

Тој  порача граѓаните да не подлегнуваат на никакви притисоци и својот глас да го дадат за личност, а не партија, човек кој нуди добра екипа и уште подобра  програма. Нека граѓаните добро размислат кој е подобар и поквалитетен кандидат и нека го дадат свој гласот за него, вели Цаноски.Тој  ги повика сите граѓани масовно да излезат на гласање и во втриот круг, кога и очекува победа. Ќе имам многу повеќе гласови од колку што се надева  мојот против кандидат, додава тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top