Цаноски го обвини Мерко и за лошо водена изборна кампања

Фијат Цаноски со обвинувања до неговиот против кандидат,  ја заокружи изборната кампања.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

На завршната прес конференција на кандидатот за градоначалник од ПЕИ,  Цаноски упати сериозни обвинувања до конкурентот Рамиз Мерко. Тој  обвини дека актуелниот градоначалник нагло манипулирал со средношколците во Струга.

Цаноски истакна дека неговиот против кандидат  во последните 10-тина дена воопшто не водел фер и демократска кампања. Вели дека кандидатот од ДУИ и неговото членство постојано предизвикувале партиски препукувања.

Fijat CanoskiЦаноски е задоволен од кампањата која ја водела неговата политичка партија. Фијата Цаноски потенцира оти зад неговата кандидатура застанале повеќе политички партии, речиси сите освен ДУИ, потенцира тој. Ги наведе: СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ВМРО НАРОДНА, ПОДЕМ, ЛДП, Партијата на власите како и Демократската партија на Албанците. Цаноски ги повика граѓаните да излезат на гласање, да ја дадат подршката за човеот кој нуди подобра програма и да не подлегнуваат на пртисоци. Уште еднаш потенцира оти штом седне на градоначалничката фотеља ќе работи и ќе ги застапува интересите на сите граѓани. Очекува дека изборите ќе поминат во најдобар ред, со тоа рече Цаноски, ќе докажеме дека Струга секогаш реализира фер и демократски избори.
Градоначалничкиот кандидат од ПЕИ на крајот од прес конференцијата потенцира дека стружани, без разлика наверска или етничка припадност треба да го заокружат бројот 1.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top