Градоначалникот на Струга вели дека сите технички услови се завршени, уште се чекаат потписите на министрите од Албанија и Македонија.
Градоначалникот на Струга вели дека сите технички услови се завршени, уште се чекаат потписите на министрите од Албанија и Македонија.
И покрај најавите дека истата ќе стартува од 15 јули сепак најверојатно и овој пат датумот ќе биде пролонгиран. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е оптимист, дека бродската линија наскоро ќе биде пуштена во функција.
Градоначалникот на Струга не прецизира кога може да очекуваме туристите но и граѓаните со брод да одат во Албанија и обратно. Вели дека дефинитивно решение може да очекуваме по завршувањето на изборите во соседна Албанија.
Инаку како што веќе ТВМ објави, првиот човек на Капетанијата, неодамна бомбастично најави дека бродската линија ќе стартува од 15-ти следниот месец. Останува да видиме дали и воопшто и оваа летна сезона туристите но и државјавните на Р. Македонија по езеро ќе можат да одат во Албанија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град