Борба против корупцијата на локално ниво

Денес во Охрид се одржува Меѓународната конференција „Размена на најдобри практики на ЕУ во борбата против корупцијата на локално ниво“.

 |  Голабовски Крсте  | 
korupcija
корупција

Денес во Охрид се одржува Меѓународната конференција „Размена на најдобри практики на ЕУ во борбата против корупцијата на локално ниво“.

Според најавите, свое воведно обраќање во рамки на отварањето на
конференцијата ќе имаат Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани,
Претседателот на Државната комисија за борба против корупцијата Горан
Миленков, Раководителот на одделот за политички прашања, правда и
внатрешни работи, информации и комуникација од делегација на Европска
Унија Роберт Лидел и Извршниот директор на ЦИКП Марија Ристеска.

kartaВо рамки конференцијата ќе бидат соопштени и резултатите од првото
систематско истражување на доброто владеење на локално ниво ЛОТОС 2014
кое се спроведуваше во текот на изминатата година. ЛОТОС 2014 ја оценува
примената на добрите практики на локално ниво во однос на шест принципи
на добро владеење: транспарентност, одговорност, отчетност, учество,
ефикасност и ефективност. Во рамки на истражувањето беа опфатени 43
македонски општини помеѓу кои и општините од Југозападниот регион Охрид,Струга, Кичево, Вевчани и Центар Жупа.

ЛОТОС методологијата е пренесена од Хрватска каде истражувањето се
спроведува континуирано секои две години од 2009-та. Во Македонија
методологијата ја спроведе Центарот за истражувањеи креирање политики во
соработка со ГОНГ од Хрватска, ЦЕРИ Битола, ЗЛРР Тетово, ЛДА Струга,
Бујрум Куманово, ЕХО Штип и Зелена Сила Велес.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top