Болницата за нефрологија значително се поднови

Болницата за нефрологија во Струга доби две одделенија за третман на болни од хепатит Б и Ц, нов рендген апарат и дел од новата болничка лабораторија.

Бујар Османи
Bujar Osmani

Болницата за нефрологија во Струга доби две одделенија за третман на болни од хепатит Б и Ц, нов рендген апарат и дел од новата болничка лабораторија.

nefrologijaПразнувањето на 11 ти Октомври се одбележа и во Струга. Во присуство на Министерот за здравство Бујар Османи, во болницата за нефрологија, свечено беа отворени две нови одделенија за третман на 24 болни од хепатит Б и Ц, нов рендген апарат и дел од новата болничка лабораторија. Исто така се изврши промоција на три нови дијализни сали, опремени според највисоки европски и светски стандарди. „Ме радува што со секое мое наредно доаѓање во овој центар, се сртенувам со подобрување на условите во секој поглед. Сега тој претставува  институција која работи по европски терк“, изјави Министреот Османи.

„Ова што денеска се случува во Струга е добар пример, како и државата може да биде добар менаџер, пример кој треба да го следат и другите здравствени организации“. Притоа министерот најави  дека со јавно пертнерство во Скопје, ќе бидат отворени неколку центри за дијализа, со што ќе им се овозможи на болните да бидат поштедени од патување до Струга.

„Заводот за нефрологија од Струга, како институција работи од 1978, полни 31 година, и постојано ги подобрува условите за работа. Правиме максимални напори, болните лица од нашата земја и оние од страна, да добијат третман во пријатни услови и апаратура по светски стандарди, вели приот човек на оваа институција“, Самин Мена.

Во рамките на оваа болница, по неколку години буквално живеат одредена бројка на пациенти. Просторно и функционално истата ги задоволува сите услови. Во период од 1 година болницата за нефрологија во опрема вложила 780 000 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top