30 компании членки на Словенечко Македонскиот бизнис клуб, денес во хотел Дрим Струга беа дел од проектот „Бизнис денови низ Р. Македонија“. „Економијата може да го зближи народот, фирмите, и ќе ни донесе подобро утре посебно за земјава, истакна на средбата почесниот конзул на Словенија во Р. Македонија, Михајло Мојсов.
„Бизниз денови низ Р. Македонија“. Овој проект на Словенечко Македонскиот бизнис клуб, денес презентиран во Струга. Промовирање на стопанствата од двете земји како и остварување на добра билатерална соработка е главна цел на средбите од ваков карактер вели извршниот директор на клубот Искра Јовановиќ. Таа истакна дека Словенија е најголемиот лобист на патот на Макеоднија кон Европската Унија. Јовановиќ додаде, дека бенефитот од соработката меѓу двете земји е тоа што, македонците учат како подобро да се работи и како побрзо да се оствари контакт за да може заедно со Словенија да настапи на трет пазар.
„Словенија има големо искуство, како што кажав и влезот во ЕУ придонесе за нивниот напредок и занаат како треба да се инвестира и во другите држави не само во сопствената“.
„Односите помеѓу Словенија и Македонија како на политичко така и на културно поле се на највисоко ниво, но денес се покажа дека се добри и на економско поле“, истакна почесниот конзул на Р.С во Р.М. Михајло Мојсов
„Економската дипломатија како сегмент на дипломатијата во Р. Словенија е застапена и во нашата држави и за таа цел се отвори македонско словенечкиот бизнис клуб, кој што во својата агенда има вклучување на компаниите од двете земји, односно тие линкови да се направи да бидат што поблиску. За таа цел ова т.н роуд шоу низ повеќе градови на Македонија има за цел да, економскиот аспект на Р.Словенија го приближиме до македонските компании“. -додава Мојсов.
Домаќините од општина Струга, подготвено ги дочекаа како домашните, така и гостите од Словенија. Владислав Жупан од струшкиот ЛЕР рече дека средбата произлегла како резултат на двонеделните интензивни контакти со бизнисмените.
„Ова е една изворедна можност каде што бизнисмените ќе можат да се сретнат со сродни бизниси или со бизниси со кои имаат искуство со работењето со бизниси од Р. Словенија“.-вели Жупан.
Словенечко-македонскиот бизнис клуб, веќе осум години е дел од бизнис заедницата во земјава. На денешната средба беа присутин 80 претставници од локални бизниси на општина Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град