Билбордите паѓаат како круши

Уште еден билборд на земја. Овој пат на торотарот пред судската зграда во Струга, речиси една недела стои срушено огромно рекламно пано. Паното претставува потенцијална опасност за минувачите. Од Локалната од Струга без одговор која фирма го поставила, па со тоа и ја сноси обврската да ги подигне неговите остатоци.

 |  Крсте Голабовски  | 
bilbord
билборд

Уште еден билборд на земја. Овој пат на торотарот пред судската зграда во Струга, речиси една недела стои срушено огромно рекламно пано. Паното претставува потенцијална опасност за минувачите. Од Локалната од Струга без одговор која фирма го поставила, па со тоа и ја сноси обврската да ги подигне неговите остатоци.

bilbordСамо со чиста среќа избегната уште една катастрофа во Струга. Во петокот вечерта,  огормното рекламно пано кое се наоѓа пред судската зграда, се срушило на тротоарот.

Очевидците додаваат дека само чиста среќа ги спасила неколкуте случајни минувачи во моментот на неговото рушење. Тие потенцираат дека во моментот на рушењето на билбордот немало воопшто ветер, за тој да биде причина на паѓањето на рекламното пано, туку тоа едноставно се срушило поради непрпоисно изработената негова конструкција.
bilbord

Помина скоро една недела, а остатоците од рекламното пано стојат на истото место, а никој не се ни потрудил  да ги отстрани. Во интерес на вистината, ТВМ телевизија стапи во контакт со Локалната од Струга чија обврска е да ги информира лицата од фирмата поставувач за отстранување на остатоците од билбордот. Бидејќи лицето за конаткт било на годишен одмор, тоа не ни знаеше дури ни да ни каже која е фирмата поставувач на ова рекламно пано. Сеуште на тротоарот висат необезбедени и каблите за струја кои се темпирана бомба за минувачите на толку фрекфентна централна градска улица. Треба ли да се врати од својот годишен одмор лицето кое треба да ги алармира поставувачите на ова рекламно пано или ќе се повтори случајот со ситилајт рекламата во центарот на Охрид, останува времето да покаже.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top