Се оградува дворното место на подрачното училиште „Браќа Миладинови“. Со ова донекаде е одговорено на барањата на советот на родители. Познато е дека пролетта, родителите на децата кои изведуваат настава во ова училиште, реагираа до Владата на Р Македонија и бараа да им се обезбеди на децата одржување на наставата по физичка култура во дворот на училиштето. Родителите на децата оправдано стравуваа за безбедноста на нивните деца бидејќи дворното место беше претворено во паркинг простор, за кој, приватно лице наплатуваше надомест.
Директорот на ова училиште Агни Неџипи рече дека е одговорено на дел од барањето на родителите.
Дворното место го оградуваат хаусмајсторите и служителите од училиштето, вели Неџипи. Од средствата што приватната фирма ги наплатуваше за паркинг просторот, училиштето нема ништо, додава тој.
Директорот на училиштето вели дека мора во целост да се обезбеди сигурноста на децата. Заради тоа, се размислувало да се огради и северниот дел на училиштето, кој исто така важел за ризичен пат, поради редовната комуникација на возила. Неџипи задоволен и од поддршката на родителите. Барањето од страна на родителите за обезбедување на сигурни услови во училиштето, беше доставено до Владата на Р. Македонија, до Министерството за наука и образование, до Собраниоето на општина Струга, до Агенцијата за Млади и спорт, како и до УНДП.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град