Белчиштанецот Блажески ја отвори вратата на својот дом за ТВМ

Ни раскажа како  ги изработува традиционалните македонски инструменти. Кажа дека од овој занает богато се живее.

 |  Билјана Ќосеска  | 
piski
писки

Цветко Блажески од село Белчишта е еден  од ретките  мајстори во охридско струшкиот регион познат по изработување на дувачки инструменти. Тој од  мал пројавил желба да свири на гајда, следејќи го примерот на неговиот татко. Цветко  првата гајда самостојно ја изработил на 20 годишна возраст а потоа следела изработката и на  тапанот. Со  изработка на традиционалните музички народни инструменти се занимава повеќе од 30-тина години. Како што вели, нема изведувач на народна музика, кој не поседува инструмент направен од неговите раце.

„Ме ценат како добар мајстор, прикажан сум по целиот свет и имам муштерии од секаде. Од оваа професија богато се живее“-истакна  Блажески.

Cvetko BlazeskiТој  и е познат на јавноста и како редовен учесник на  фолклорните фестивали. Во неговата куќа нема ѕид  на кој нема благодарница или  признание за неговиот допринос на манифестациите. Вели дека нема свадба или културен настан на кај што не присуствувал.
Како учесник на културните настани, добитник е на голем број награди и признанија. Домот на Блажески е вистински музеј. Во работната соба распослани се инструментите кои ги изработил или оние кои се во фаза на изготвување. Интерес да ја посетат неговата  куќа покажуваат туристи од Македонија, но и  од странство.

„Доаѓаат гости од Холандија, Грција, Србија и од други земји. Идат тука, ќе се напијат по една ракија и ќе им отсвирам нешто„-кажува  Блажески.

Вели дека вратата на неговата куќа е отворена за секого.

 

„Добредојден е секој добронамерен гостин во нашиот дом. Единствено што можам со сигурност  да направам, е да ги почестам гостите со добра изворна  музика“, додава Блажески.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top