• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Бауцентарот „Набизи“-Струга со голем саем на најпознатите светски брендови на апарати, алати и машини

Бауцентарот „Набизи“-Струга со голем саем на најпознатите светски брендови на апарати, алати и машини

Денес стружани и сите заинтересирани можеа не само да се информираат за изложените производи, туку и да ги купат истите по специјално намалени цени.

 |  Мишел Наумоски  | 
Nabizi Struga
Набизи Струга

Голем саем на најпознатите производители на алати, машини и електрични апарати. Најголемиот бауцентар „Набизи-Струга“ денес со вистинско изненадување за стружани. На едно место, по дисконтирани цени, на сите заинтересирани им понуди запознавање со најновите производи од програмите на Горење, Сименс, Метабо, Електромашинен, Униор, Вурт и Макита. Посетителите навистина задоволни од она што имаа можност да го видат.

gorenje„Во секој случај, ова е нешто ново за Струга, ова што се случува. Имаме овде поволни цени, гледам овде познати светски брендови од различни производители кои еве денес се тука и ги повикувам сите граѓани да присуствуваат и да ја искористат оваа можност што им е дадена денес.“

Фирмите веднаш ја прифатиле понудата на бауцентарот „Набизи“ да учествуваат на саемот и да презентираат дел од своите производи, велат дека идејата е прекрасна.

„Во моментов фокусот е на новите дизајнерски линии кои се единствени на пазарот, од рерна, плоча, аспиратор, се во еден стил, во еден дизајн. Така што се е изложено во Набизи. Кој е заинтересиран, може да погледне, идејата е одлична, на воздух, убаво време да се претстават и малите апарати.“-вели Вера Попоска, претставник од компанијата „Горење“.

Nabizi Saem„Се нудат мали апарати, во рамките на Сименс и тие се произведуваат во Словенија, фабриката е во Словенија. Гаранција имаат две години. Квалитетот е неоспорен. Ние сме задоволни.“-рече Дејан Ѓорѓиевски од „Сименс“.

„Ние сме застапници на „Метабо“, тоа е германски бренд за производство на машини и „Електромашинен“, исто германски бренд за произвдоство на хидрофори…Посетеноста е добро, има од сабајле клиентела која се интересира па и нешто продажба.“-изјави Кирил Гаврилов-„Мак-Велт“-Скопје.

„Најмногу се интересираат за рачниот алат бидејќи УНИОР е бренд кој што е добро етаблиран во државава и доста добро луѓето ги познаваат, познат е квалитетот како што реков 95 години е на овој пазар, 95 години е цифра за почит. Од она што го видовте, е специјалниот алат кој е ИБЕКС, тоа е новината кај УНИОР“.-рече Горан Ковачевски-управител на „УНИОР“.

Wurth Makedonija„Претставени сме со некаде стотина разни типови на алати. Претежно луѓето можат да ги видат новитетите, иновациите  од нашава програма, да се претставиме и со алатите со кои не можат да дојдат во допир секојдневно. Вака во живо можеме да ги претставиме и да презентираме и да ги пробаат имаат можност.“-потенцира Тони Николовски-менаџер за маркетинг и продажба-Вурт-Македонија.

„Макита има многу широк програм, преку 1500 машини во понуда и преку 5000 производи кои ги следат тие машини како прибор, помагала, резервни делови и секако тоа бара одредено знаење и големо искуство за да може на секој купувач да му се понуди вистинскиот производ што ќе ги задоволи неговите потреби и сето тоа да го следи убава цена.“-вели Стево Николовски-Директор на „ЛОТУЛС“-Скопје.

Инаку организатор на големиот саем е токму бауцентарот „Набизи“ од Струга. Компанија која изминативе две години стана синоним за поволни цени но и највисок квалитет на производите кои ги нудат. А во „Набизи“ може да најдете буквално се. Бела и црна техника, санитарија, бои и лакови, мебел, електрика, најразлична расвета и апарати за домаќинство или околу 25.000 различни артикли. Овој комплекс е по теркот на европските од каде се земани примери и искуства. Бауцентарот Набизи се наоѓа на патот од Струга према Ќафасан на површина од 7000 метри квадратни затворен простор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top