Живот за сите во Струга и решавање на клучните проблеми, приоритет на кандидатот за градоначалник на општина Струга, Васил Ашталкоски од коалицијата предводена од СДСМ. Ашталкоски најави решавање на проблемот со водоснабдувањето во градот и сите населени места во општината, решавање на деценискиот проблем со дивата градска депонија и останатите депонии во населените места, подобрување на патната инфраструктура.
Ќе го направиме најдоброто за нашата општина бидејќи јас и мојот тим го носиме духот на заедништвото, истакна Васил Ашталкоски, при денешното негово прво претставување како кандидат за градоначалник од коалицијата на СДСМ на општина Струга. Ашаталкоски истакна дека градот заслужува да се издигне на ниво кое ќе биде достојно за почит во сите сфери од општественото живеење.
„Заедно, сите етнички заедници, сите христијани и муслимани, каков што е и составот на нашата советничка листа, ќе изградиме живот во Струга за сите. Имаме план одговорно, квалитетно и домаќински за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина. Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние сме подготвени да понудиме квалитетни решенија“
Исправени сме пред сериозна одговорност кон граѓаните, истакна Ашталкоски. Додаде дека доколку тој и неговиот тим ја добијат довербата од стружани, под итно ќе пристапеле кон решавање на клучните проблеми во градот.
„Во нашиот мандат ќе го решиме проблемот со водоснабдувањето на градот и сите населени места во општината. Ќе го решиме деценискиот проблем со дивата градска депонија и сите останати диви депонии кои ги има по населените места. Ќе ги решаваме инфраструктурните проблеми преку асфалтирање и нова поправка на постојната патна мрежа. Ќе го вратиме сјајот на спортска Струга преку реконструкција на базенот спортските сали и директна финансиска помош на сите спортски клубови“
Ашталкоски ја очекува поддршката на неговите сограѓани, бидејќи Струга сакаат да ја направат општина без омраза, во која добро ќе се живее, општина со која ќе се гордеат и од која нема да се иселуваат. Инаку кандидатот за градоначалник на општина Струга од коалицијата на СДСМ Васил Ашталкоски, роден е во Струга каде живее и работи, оженет е и татко на две деца.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град