• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Аранжманите за католички Велигден поминуваат незабележливо-очекуваните гости се оние традиционалните

Аранжманите за католички Велигден поминуваат незабележливо-очекуваните гости се оние традиционалните

Поголем број од најавените аранжмани се однесуваат за периодот на православниот Велигден. Менаџментот на хотелот Дрим од Струга годинава очекува добра сезона,  и гости од Словенија, Данска, Турција, Холандија, Австрија, Израел.

 |  Мишел Наумоски  | 
h.Drim
х.Дрим

На прагот на престојната туристичка сезона, но и на двата големи христијански празници, католички и православен Велигден, хотелските капацитети се постепено се исполнуваат. Хотелиерите коментираат дека за разлика од минатите години, овие верски празници во однос на туристите минуваат помалку незабележливо. Ана Јанчева-Дудановска, менаџер во хотел Дрим од Струга, вели дека веќе започнуваат со аранжмани за престојната летна туристичка сезона.

Veligden aranzmani„За разлика од минатите години, некако многу помалку за католички Велигден. Очекуваме гости, да, во голем број Турци, ама реално немаат врска со католичкиот Велигден. Започната е сезонава со турските гости. Католичкиот Велигден поминува некако тивко годинава, дури и тие најави за грци и бугари што ги имаме, сите се за православниот Велигден, значи сите се од 9ти до 13ти април, во меѓувреме работиме со турските гости, работиме со гости од Словенија, работиме со Данци, значи тековно веќе започнува за нас сезоната од април, за разлика од другиве години кога можеби започнуваше од мај, сега можеби поради Велигденот, можеби од повеќе причини, очигледно сега започнуваме од април.“-вели Ана Јанчева-Дудановска, менаџер во х.Дрим, Струга.

Дудановска потенцира дека дури и во пресрет на двата верски празници, тие пред се работат со традиционални аранжмани и гостите кои се чести посетители на охридско-струшкото крајбрежје.

letna turisticka sezona„Стандардно ги имаме гостиве од Холандија, се поголем број гости и од Турција, континуирано веќе трета година работиме со гостите од Австрија, израелците повторно наши традиционални гости, доаѓаат годинава,  тоа се започнува крајот на април, почетокот на мај, повторно ги имаме турите од Словенија, големи тури на крајот од април, почетокот од мај. Годинава имаме новост, имаме доста бугари, вообичаено беа минатите години само за Нова година и толку.  Ама сега се повеќе има интерес од бугарите за организирање на конгресни настани во Охрид и регионот.“-рече таа.

Дудановска вели дека постепено, барем во работењето на нивните хотели се забележува позитивно поместување во однос на периодот во кој за нив започнува туристичката сезона. Сепак додава дека со евентуалната изградба на скијачкиот центар на Галичица, но и посветување на поголемо внимание на конгресниот туризам во есенските и зимските месеци, туристичката сезона на крајбрежјето на Охридското Езеро може и тоа како да се продолжи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top