Анкети, анкети, анкети…

Спроведена анкета од страна на организацијата „Фонд за развој на млади“

 |  Ристо Јакимовски  | 
Mitko Jankulovski
Митко Јанкуловски

„Фондот за развој на млади“ деновиве спроведе анкета. Во неа се опфатени 1080 лица од поголемите етнички  заедници на територија на општина Струга. Анкетата  е направена телефонски и по случаен избор. Во неа 84% проценти од испитаниците се изјасниле дека во Струга постои добар соживот. На прашањето дали  би излегле да гласате на претстојните избори, со висок процент од  75,9% се изјаниле позитивно, 16,1% негативно а 8% се не определени. За работата на локалната самоуправа, мислењето на граѓаните е поделено.
„Фондот за развој на млади“ е младинска организација која што работи на проекти за развоја на граѓанскиот сектор во Македонија и младинското учество во јавниот живот. Како дел од активностите , нивната организација соработува со други здруженија на граѓани и фондации од Европската Унија и Југоисточна Европа.

StrugaСоставен дел од нивните активности е и:

-Подршка на младите во процесот на остварување на нивните граѓански права.
-пратење на изборната кампања.
-набљудување на изборите со независни набљудувачи.
-анкетирање и изработка на анлизи за рејтинзи

Од „Фондот за развој на млади“ известуваат дека во тек е спроведување на анкета за општина Охрид, која ќе биде објавена во средината на следната недела.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top