Угостителските објекти ги исполнија кацитетите речиси во целост. Во овој град, новата година ќе ја дочекаат гостите од Бугарија, Грција, Албанија како и Словенија.
Угостителските објекти ги исполнија кацитетите речиси во целост. Во овој град, новата година ќе ја дочекаат гостите од Бугарија, Грција, Албанија како и Словенија.
Стружани ги започнаа подготовките за дочек на Нова Година. Сопствениците на хотели, ресторани, дискотеки и кафулиња, веќе го финализираат концептот за највеселата ноќ во годината.
Иако сеуште е рано, сепак поголемиот број на угостителски објекти во Струга, веќе ги имаат продадено или резервирано капацитетите. Интересот вообичаено е голем. Стандардно Новата година во Струга ќе ја дочекаат гости од Албанија, Бугарија, Грција, Словенија и секако во голем број се и гостите од нашата земја.
“Воглавномимаме аранжмани до 2-3 дена а цената се движи од 139 до 199 евра вои зависност што вклучува во нив.Овој начин на прослава е вообичаен иако гостите се чувствува дека бараат малкуи промени, но сепак останува да славиме како и досега“-вели Љурзим Бакал од Хотел Дрим.
И оваа година, речиси скоро сите угостителските објекти во Струга ги нудат истите цените како претходните години.Висината на надоместокот зависи од категоријата на објектот, менито на новогодишната трпеза, бројот на пијалоците и забавниот дел. Цените се движат од 2 илјади до 12 илјади денари. Со прифатливи понуди нудат и кафулињата и дискотеките во Струга.
„Tullamore dew “организира новогодишен дочек по цена од 700 денари. Бројот е ограничен, локалот има капацитет за околу 150 прославувачи. Веќе започнати се резервациите за дочек во нашиот локл“вели Зоран Ѓоргоноски сопственик на Tullamore dew.
Цените по струшките кафулињата и дискотеките, се движат од 500 до 1500 денари. Стружани веќе почнаа да прават резерваации за дочек на Новата 2009-та година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град